Глас за Македонија: Ставот на БАН за македонскиот јазик е шовинистички и ненаучен

55

Глас за Македонија најостро реагира на шовинистичките и пред се ненаучни изјави на Бугарската Академија на Науките, која отворено го негира постоењето на македонскиот јазик.

-Ги потсетуваме дека македонскиот јазик е непобитен лингвистички, историски и културен факт, признат и рамноправен со другите јазици во светот. Тој е конститутивен елемент на македонскиот култура, но и национален идентитет, па со тоа е дел од идентитетот на секој македонски граѓанин.

Ги потсетуваме и дека јазичното право е природното и основно човеково право да го зборува, да го проучува и да го заштити сопствениот јазик и јазикот на својата држава. Тој е запишан во ОН, на него се преведени безбројни и стари дела од светската литература и е предмет на проучување на сериозни научници, лингвисти од целиот свет.

Глас за Македонија бара итен прекин на работата на мешовитата комисија, која има за цел да ја избрише македонската нација и македонскиот јазик. Овој штетен договор, секако не може да биде основа за добрососедски односи. Напротив, само ги влошува. Како таков, Глас за Македонија нема да го почитува, се вели во реакцијата на Глас за Македонија.