Ги почитуваа(т) мерките за време на карантинот: Музичарите со маски против коронавирусот!

474

Една позната песна од Балашевиќ вели “Власт је власт“, па така донесените препораки на власта строго ги почитуваат и нашите бројни пејачи, музичари. Не само поради себе самите и своето здравје, туку и поради здравјето на своите најмили, тие носат заштитни маски.

Но и како пример за другите во Македонија, како треба најсовесно да се однесуваат. Тие ден пред најдолгиот карантин и полициски час откако трае пандемијата, заминаа да се обезбедат со најпотребни прехранбени намирници и не покажаа никаква разочараност ниту бунт. Велат, нема причина. Само што побргу да помине чумата и да почнат пак да пеат и секако да заработуваат на концерти, свадби, прослави, забави, во ресторани и кафеани, бидејќи, што е вистина, веќе се при крај со заштедени пари. Истото го посакуваат сите до еден.

Трајче и Боби, зелка и лубеница, одлична природна комбинација за јакнење на имунитетот

Домаќините за пример, Трајче Толевски и Боби Спасенцовски сега-засега, најчесто се на пазарчето кое им е во описот на домашните обврски, а зелката и лубеницата им се овие денови одличен извор на витамини за јакнење на имунитетот. Но и нивните колеги Вики Среброва, Благоја Грујовски, Бобан Мојсовски, Горан Милошески… и тие се со маските, најсигурни кога се надвор од дома. Така и треба.     Дуле М.