Герасимовски со барање за вонреден инспекциски надзор на ДУП Градска четврт Ј07

82

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, испрати барање до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за вршење на вонреден инспекциски надзор на блоковите 10, 28 и 43 од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 Локалитети: Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара.

-Од причини што Советот даде задолжение на градоначалникот да се обрати до Вас, бараме во рамките на Вашите законски надлежности, да ја испитате околноста, можностите и рамките за извршување на вонреден инспекциски надзор врз ДУП Градска четврт Ј 07 (донесен на 18.7.2014) околу неговото донесување, особено за блоковите 10, 28 и 43 и за истото да нѐ известите во најкус можен рок“ – е неведено во барањето испратено до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам.

Како што информираат од Општина Центар, со извршувањето на вонредниот инспекциски надзор ќе се излезе во пресрет на барањата на граѓаните од улиците: „Козара“, „Питу Гули“ и „Салвадор Аљенде“, кои тоа го побараа од Герасимовски, но и ќе бидат појасни околностите кои довеле до донесувањето на планот во 2014-та година.

Советот на Општина Центар на последната четврта седница го задолжи Герасимовски од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да побара вонреден инспекциски надзор на планот.