Генерално ќе се чисти Струмица

92

В недела ЈПКД „Комуналец“ почнува акција за генерално чистење на Струмица.

Како што информираше Бранко Ѓоргиев, раководител во комуналното претпријатие, покрај редовното собирање смет и метење на улиците, секоја недела ќе се врши и генерално чистење и собирање на смет, како и машинско перење на улиците.

-Акцијата почнува во недела на 11 јуни во градските населби „Карпош“ и „Чифлик“ и се замолуват сите граѓани од овие реони кои имат секаков вид на отпад да го пријават на 13 110 и да го извадат пред дворовите во недела до 12 часот за да биде подигнат во текот на денот – истакна Ѓоргиев.

Акцијата продолжува и наредните недели во месец јуни и етапно ќе биде опфатен целиот град, а од почетокот на следната недела треба да почне и чистењето на диви депонии, кои лани беа исчистени, но годинава повторно се наполнија со ѓубре.