Македонскиот ракометен шампион е при крај со составување на тимот за наредната сезона, а најновото засилување во него би требало да биде Хрватот Анте Гаџа.

Хрватот игра на позиција среден бек, кој минатата сезона ја мина во ППД Загреб, а претходните пет во Нексе. Наскоро ќе наполни 28 години, има 194 сантиметри, а во сезоната која помина се истакна како прв асистент на Загреб и петти во целата СЕХА-лига (29 асистенции на 12 меча).

Гаџа би требало да пристигне на позицијата која се испразни по заминувањето на Сташ Скубе во Мешков Брест. Со доаѓањето на Гаџа и со потписот на Гоце Георгиевски, Вардар има, барем, по двајца ракометари на сите позиции, освен на десната бековска, каде што го донесе Томислав Јагуриновски.