Гарсија наследник на Пике

84

Каталонскиот гигант Барселона ќе се обиде на секаков можен начин да ги осигура услугите на шпанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Ерик Гарсија и тоа за време на зимскиот преоден рок. Централниот дефанзивец има дговор со „граѓаните“ до крајот на актуелната сезона, а челниците на Барса во него гледаат идеална замена за Жерар Пике кој е тешко повреден и ќе мора да паузира најверојатно до крајот на актуелната сезона.