Ганиу: Звуците на Чаршијата промотор на соживотот за здрава иднина на нашата земја

109

Скопје во фантастична атмосфера ги доживува емоциите кои ги пренесува културната манифестација “Звуците на Чаршијата“ 13-ти пат по ред! Вистински спектакл создадоа свездите на музичката естрада: Дафина Зељири, Тамара Тодевска, Ил Лимани, Луми Б и ДЈ Електрон.

– Звуците на Чаршијата се најдобриот промотор на вредностите кои ги поседуваме, но и на соживотот за здрава иднина на нашата земја. Токму заради ова причина, заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, директорката на Културниот Информативен Центар, Сермине Пурини и многу домашни спонзори се погриживме за организацијата на овој важен културен настан за на нашите плоштади звуците на убавата музика и ремек делата на културата да ја оживеат нашата душа и да не соединат околу убавото – истакна градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу.