Газда на вработените им поделил бонуси вредни милион долари

120

 

Кога сопственик на агенција за недвижности од Мериленд во САД во текот на прославата за Нова година, на вработените им поделил црвени коверти, никој не знаел што го чека.

Сите 198 работници од компанијата Сент Џон Пропертис добиле бонус во просек по 50.000 долари. Вкупната вредност на бонусот изнесувала околу 10 милиони долари.

-Кога го отворив ковертот, не можев да верувам. Немам доволно зборови да опишам како се чувствував, само знам дека беше убаво и неверојатно. Сè уште сум во шок. Ова, дефинитивно, ќе ни ги промени животите, вели Стефани Риџвеј, асистентка на проект-менаџерот во компанијата, за Си-Ен-Ен.

Директорот на компанијата, Лоренс Мејкранц изјавил дека Сент Џон Пропертис ги постигнала своите главни цели за развој со недвижнини од 20 милиони квадратни метри, удвојувајќи ги за 14 години, а во тоа помогнале вработените, па затоа сакал сите пријатно да ги изненади.

Секој работник примил награда во согласност со бројот на годините кои ги поминал во компанијата. Најмалиот бонус бил 100 долари, а ги добил работник кој бил тукушто ангажиран и уште не почнал да работи. Најголемиот бонус изнесувал 270.000 долари.

-Сега веќе немаат кредити, долгови и студентски кредити, вели Мејкранц.

Сент Џон Пропертис има девет филијали, а за годишниот одмор на вработените им ги платиле трошоците за лет и сместување дури и на оние кои патувале надвор од државата.