Дома БАЛКАН Вучиќ: Србија со ништо не го загрози пријателството со Русија, но зошто?

Вучиќ: Србија со ништо не го загрози пријателството со Русија, но зошто?

193

Вучиќ по анализата со врвот на српската политичка и безбедносна власт порача дека „Србија нема да ја менува политиката кон Русија со која негува пријателски односи и ќе продолжи со политиката на неутралност и нема да ја менува политиката кон НАТО и нема да влезе во НАТО”.

Србија е изложена на силна, офанзивна разузнавачка активност, која го надминува нивото на пристојност, изјави српскиот претседател, објаснувајќи дека во „Србија се активни службите на големите сили, но и на земји од регионот, кои легално и нелeгално собираат разузнавачки податоци за политичко-економската моќ на Србија, но и со цел на влијание врз нејзината политика, а против нејзините интереси.”

Во врска со самата афера, Вучиќ изјави дека снимката не е направено од српските разузнавачки служби, но ВБА била запознаена со овој настан, кој се случил на 24 декември 2018 година.

Следејќи го објектот на обработка, српската служба дојде до податоци дека во Земун во 18 часот, пензионираниот потполковник на српската војска З.К. требал да се состане со потполковникот на Руската федерација, Георгиj Клебан. Нашата служба примени оперативни мерки за следење и документирање на наведениот контакт, но по евидентирањето на доаѓањето на Клебан со такси возило и контакт со З.К, кое било на голема оддалеченост поради безбедносни причини, документирањето не било можно, кажа Вучиќ, кој додаде дека биле „забележани и други три лица лица со возило ауди, кои биле во контраследење и го обезбедувале местото на контактот во Земун, за да не дојде до било какво документирање на средбата меѓу потполковниците Клебан и З.К.”

Според Вучиќ, службите имаат видео и аудио документација за повеќе контакти не само за двајцата потполковници, туку и за други припадници на руски служби за безбедност со лица од српската војска, но нема да оди во јавност со тоа.

-Само за Клебан документирани се вкупно 10 контакти со три конспиративни извори, каде Клебан барем три пати врачува пари, за што имаме и фото и видео документација, како и за 9 други лица од српската војска. Клебан тогаш беше помошник на аташето за одбрана во руската амбасада во Белград, изјави Вучиќ.

Според српскиот претседател потполковникот З.К и порано бил следен, уште кога контактирал во 2012 г. со хрватската служба за давање документи за војната во Хрватска, а од 2017 биле забележани повеќе негови контакти со припадници на руската служба.

Вучиќ наведе и за повеќе случаи на контакти и разузнавачки активности на припадници на германската, австриската и бугарска служба.

Тој најави во наредните денови повеќе „остри активности од страна на обвинителството и негативни реакции од поедини земји во регионот”.

Вучиќ на крај повтори дека Србија нема да ја менува својата политика на независност и дека ќе ги засилува воените, полициски и разузнавачки сили.