Вучиќ од Давос: Засега не постои можност Србија да воведе санкции кон Русија

259

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од Давос изјави дека засега нема можност Србија да воведе санкции кон Русија и оти верува дека ќе има коректен и добар разговор со руската страна и дека Србија ќе добие фер цена за гас.

Главна тема на собирот во Давос беше Украина, а на прашањето дали на средбите со светските лидери забележал дека е критикуван за добрите односи меѓу Србија и Русија, Вучиќ рече дека сите го обвинуваат него.

Не сум од оние кои се обврзуваат и не исполнуваат нешто. Повеќе сакам да не се обврзувам и да направам нешто. Тој пристап отсекогаш бил подобар, јас отсекогаш сум му верувал на тој пристап повеќе од оние кои се колнат во се на светот, а на третиот ден знам дека се ќе направат поинаку“, изјави Вучиќ за РТС.

Тој посочи дека Србија „го гледа сопствениот интерес и се бори за тој интерес“.

„Кој знае какви закани можат да бидат и какви можат да бидат. Како што можете да видите, поминаа 90 дена и Србија ја води истата политика, единствена во цела Европа, мала земја, бројчано мал, но горд народ, земја која води своја политика“, рече Вучиќ.

Тој нагласи дека тоа „не е проруска или прозападна политика, туку води своја политика“.

На прашањето дали постои можност Србија да воведе санкции кон Русија, Вучиќ рече дека засега нема таква можност.

„Ние сме на европскиот пат, Србија никого не навреди, на ниту еден начин не придонесе за конфликтот, туку води независна и суверена политика“, рече Вучиќ.