Вучиќ: Земан беше со нас кога тоа го можеа само храбрите – тоа е вистински пријател!

278

Претседателот Александар Вучиќ денеска на отворањето на чешкиот Дом во Белград, во присуство на чешкиот претседател, Милош Земан, изјави дека тој е вистински пријател на Србија и дека бил со нашиот народ кога тоа им било дозволено само на храбрите.

Вучиќ рече дека една чешка поговорка вели дека вистински пријател е тој што е со тебе кога сите си заминуваат и дека е подобро да се шеташ со пријател во темнина, отколку сам на сонце.

„Претседателот Земан беше со нас кога со нас беа само храбрите и тој е пријател со кој сме на сонце и кога е ден и кога е ноќ и мрак. Тој беше еден од ретките што се осмели да зборува за слободарската традиција на Србија и за борбата на Србија за нејзин опстанок. Неколку пати во изминатите 10 години на најправеден начин укажуваше на страдањата низ кои поминува Србија. Секогаш се залагаше Србија, итно и без одлагање, да влезе во ЕУ“, нагласи Вучиќ.