Времен сообраќаен режим на Пластичарската улица

59

Град Скопје известува дека поради реконструкција, поточно изведба на атмосферска канализација, проширување на пешачка патека и обнова на водоводната мрежа, на дел од Пластичарската улица ќе биде воведен времен сообраќаен режим.

Измената на режимот на сообраќај ќе почне да важи од утре  кога ќе почне  асфалтирањето на  северната тротоарска површина, на потегот од клучка Бит-пазар до првата семафоризирана крстосница со улицата „Македонско-косовска бригада“. Потоа, ќе  продолжи асфалтирањето на површините по должината на  улицата на делот од проширувањето, како и  гребење на постојната сообраќајница во широчина од 4 метри.

Времениот сообраќаен режим ќе биде воведен на крајната десна сообраќајна лента во насока кон касарната Илинден, сообраќајот ќе се одвива двонасочно на преостанатиот дел од улицата, за што ќе биде поставена и соодветна сигнализација. По завршување на наведените градежни работи ќе се работи на асфалтирање и на јужната страна од улицата со ист редослед на активностите.

Од Градот апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.