Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска (19 часот) го играат клучниот натпревар за опстанок во АБА-лигата, бидејќи во рамки на 23. коло му гостуваат на директниот ривал Борац од Чачак.

Српскиот претставник има една победа повеќе (5:4) од тимот од Аеродром, кој, пак, ќе мора да ја запише првата победа сезонава на гости доколку сака да го одржи чекорот за претпоследното место на табелата, кое води во разигрувањето за опстанок.

  • Како што и предвидовме, целата сезона се сведе на еден натпревар. Знаеме што носи овој натпревар, па мораме да бидеме на висина на задачата. МЗТ и ние останавме единствени конкуренти за опстанок. Дуелот го чекаме како свиткани пиштоли, со комплетен ростер. МЗТ има добри играчи, кои сакаат да играат во транзиција. Затоа треба да бидеме подготвени за многу трчање. Ривалот е брз, подвижен и мора да го затвориме сето тоа – изјави тренерот на Борац, Дејан Мијатовиќ.