„Волците” повторно го запреа Јунајтед, Погба промаши пенал

82

Вулверхемптон повторно се покажа како несовладлив ривал за Манчестер Јунајтед.
После двата порази на „Молину” минатата сезона, овој пат „црвените ѓаволи” стигнаа само до 1:1.

Екипата на Оле Гунар Солскјаер имаше предност во првото полувреме, по што поведе со гол на Марсијал. По паузата домаќините се засилија и израмнија по страотниот удар од Рубен Невеш, кој не му остави шанса на Де Хеа.

Во 64. минута, Пол Погба влезе во шеснаесетникот и беше соборен од Коуди. Судијата досуди пенал, но Погба промаши од белата точка, откако Руи Патрицио го погоди правецот и направи брилијантна одбрана.

По ждрепката, „Волците” имаат 2 поени, додека Јунајтед се со 4, по победата во првото коло над Челзи.