Вол Стрит соборува рекорди

208

Цените на акциите на светските берзи бележат раст пет дена по ред, а индексите на Вол Стрит достигнаа рекордни вредности благодарение на напредокот во трговските преговори меѓу САД и Кина. На Вол Стрит, Доу Џонс се зголеми за 1,2 отсто минатата недела на 27.681 поени, додека С & П 500 се зголеми за 0,9 проценти на 3.093 поени и индексот „Насдак“ за 1,1 процент на 8.475 поени.

Новите рекордни достигнувања на овие индекси се должат на напредокот во трговските преговори меѓу САД и Кина.

Во четвртокот и американските и кинеските власти рекоа дека е постигнат напредок во преговорите и постепена елиминација на царинските давачки што двете земји ги наметнаа едни на други во текот на изминатата година.

Кина и САД мора да отстранат некои од постојните царински давачки во исто време за да постигнат договор за првата фаза од трговскиот договор, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Ова ја поттикна надежта на инвеститорите дека трговската војна, која трае веќе 16 месеци, наскоро ќе заврши што резултираше со забавен раст на двете економии.