Во јануари Данска ќе издаде прва зелена обврзница

36

Данска на почеток на следната година ќе ја издаде својата прва зелена обврзница за да го помогне финансирањето на транзицијата на карбонски неутрална и одржлива.

Како што соопшти Централната банка на Данска, а пренесува Ројтерс, десетгодишната зелена обврзница ќе се издаде на 19 јануари следната година, со купонска стапка од нула проценти и рок на доспевање 15. Ноември 2031 година, ако пазарните услови бидат стабилни.

Данска, со кредитен рејтинг ААА, која беше  предводник во развојот на ветроенергијата, настојува да најде начин за финансирање на својата зелена транзиција која вклучува намалување на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина за 70 проценти до 2030 година.