Во Шпанија втор смртен случај од листерија

38

Во Шпанија почина уште едно лице од бактеријата „листерија”, добиена преку конзумирање заразено свинско месо. Ова е втор смртен случај од избувнувањето на епидемијата, изјави денеска портпаролот на Андалузискиот здравствен секретаријат Хозе Мигел Кисненос.

Според него, починал 72-годишен маж кој бил во терминална фаза на рак на панкреас.

Листеријата може да биде особено опасна за лица со слаб имунитет и трудници.
Епидемија на листерија е прогласена во Андалузија на 15 август и досега се заразени 186 лица. Првата жртва беше 90-годишна жена.

Здравствените власти во Шпанија издадоа предупредување за целата земја.
Заразеното месо е произведено во компанијата „Магрудис” од Севиља, пренесува „Ел Паис”.

Истовремено и Светската здравствена организација соопшти дека постои можност да се појават случаи на листерија и во други земји, доколку туристите јадат заразено свинско месо.