„Една куќа, три генерации и глобална пандемија“, вака накратко може да се опише новата серија на Чешката телевизија во шест епизоди. Оваа хумористична серија насловена „Љубов во време на короната“ зборува за животот на три генерации во време на пандемијата. Чешката телевизија објави дека серијата треба да се појави на малите екрани веќе кон крајот на април, а Inquirer.net откри неколку детали за овој проект.

Имено, во главна улога се тинејџери кои се „заклучани“ во домот, a чии родители (по патувањето) не можат да се вратат дома, потоа млада брачна двојка чија врска е веќе ставена на тест и стара брачна двојка која, поради околностите, ќе се најде во некој друг дом.

Серијата ќе се снима во станбена зграда во Прага и треба да биде завршена до 27 април. За да се исполнат сите епидемиолошки мерки, серијата ќе биде снимена со далечински управувани роботски камери, а на сетот ќе бидат само актерите.