Во Хрватска регистриран благ пад на новозаразени со коронавирусот

61

Во Хрватска денеска се регистрирани само 14 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, соопштија од Штабот за цивилна заштита.

Како што јави дописникот на МИА, со ова вкупниот број заразени изнесува 495. Денес на домашно лекување се отпуштени и 22 пациенти кои беа хоспитализирани поради Ковид-19.

Министерот здравство Вили Берош изјави дека веќе четврти ден по рад бројот на ново заразени опаѓа.

Хрватска денеска ја регистрираше втората жртва од Ковид-19, а се работи за постаро лице кое претходно имало хронични болести.

Денес од Кроејша Еирланс објавија дека ги регистрирале први два случаја на вработени заразени со коронавирусот.