Во Франција поради жештините исклучени два нуклеарни реактора

84

Поради нов топлотен бран оваа недела во Франција, два нуклеарни реактора во нуклеарната централа „Голфтек” ќе мора да бидат исклучени.
Тие нема да работат до 30 јули, објави „Moнд”.
На почетокот на неделата ефектот на реактори од две други нуклеарни централи веќе е значително намален.
Во моментов во Франција работат 58 нуклеарни реактори. Ако топлотниот бран продолжи, слични мерки ќе треба да се преземат и во други нуклеарни централи, објави весникот.