Во Франција најголем број смртни случаи на дневно ниво од средината на мај

27

Француското Министерство за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа пријавени се 12.148 новозаболени со Ковид-19.

Во истиот период регистрирани се 136 починати, што е најголема бројка на смртни случаи од средината на мај.

Вкупниот број на заразени соновиот коронавирус во Франција изнесува 589.653 луѓе,а од последици од Ковид-19 досега починале 32.155 пациенти.