Во Уганда во ЛГБТ бар уапсени 67 лица и обвинети за „општо загрозување”

60

Во Уганда беа уапсени 67 лица во еден ЛГБТ бар, кои остануваат во затвор под обвинение за „општо загрозување”, соопштија денеска активисти за човекови права во Кампала.

Полицијата и војската во неделата спроведоа рација во бар во Кампала, каде вообичаено се собираат припадници на ЛГБТ заедницата. Тогаш беа приведени 125 лица, но подоцна 58 беа ослободени.

Полицијата тврди дека причина за акцијата била проверка на употребата на тутун, кој е забранет на јавни места, но и поради употреба на опијати во тој локал.

Судија во Кампала соопшти дека уапсените се обвинети за „општо загрозување”, што според адвокатите на одбраната е многу нејасна формулација. Адвокатите се пожалија дека не им било дозволено да разговараат со своите клиенти.

Групите за човекови права сметаат дека цел е застрашување на ЛГБТ заедницата.