Во Тајланд маж осуден на 374 години затвор за порнографија со деца

49

Маж од Тајланд (31) е осуден на рекордни 374 години затвор и парична казна од 26.000 долари поради трговија со деца кои ги користел за правење порнографски материјали.

Тој е прогласен за виновен откако е утврдено дека намамил деца на возраст од седум до 12 години преку видео игри да дојдат во неговата куќа каде што снимал порнографски материјали со нив, а потоа ги продавал видео снимките преку апликации, соопшти полицијата.

Како што е наведено, ова е втор случај некој да биде осуден на толку висока казна во Тајланд, каде што минатата година еден маж беше осуден на 309 години затвор.