Во Србија 34.000 пензионери секој ден одат на работа

148

Во Србија 34.000 пензионери работат, и тоа во занаетчиски дејности, или на други места каде што нивното знаење и искуство може да се искористи, пишува српски Курир.

За да се чувствуваат корисни, дел од граѓаните иако стекнале пензија, сепак работат.

Но, реално можеби бројката е уште поголема затоа што има пензионери кои работат со договор на дело или на „црно“.

Од Градската организација на пензионери на Белград велат дека немаат точен податок, затоа што таквите информации често и пензионерите ги кријат.  Но, велат дека 10 отсто од нив ја менуваат професијата. По пензионирањето продолжуваат да работат пензионери, професори, лекари, ѕидари, металостругари и други.