Во романско гратче покојник победи на изборите за градоначалник (видео)

183

Жителите на едно романско гратче убедливо му доверија уште еден мандат на својот досегашен градоначалник, иако тој почина пред две недели од ковид-19, велејќи дека завршил добра работа и заслужил посмртно да победи.

Десетици жители на Девеселу запалиле свеќи на гробот на социјалдемократот Јон Алиман откако во неделата завршиле локалните избори.„Ова е твоја победа. Знам дека ќе бидеш горд на нас. Почивај во мир “, рекол еден од селаните.

Алиман, според податоците на тамошната Државна изборна комисија, победил по трет пат во трката за градоначалник на Девеселу. И тоа со 64 отсто од гласовите.

„ Не верувам дека повторно ќе имаме ваков градоначалник“, изјавила за тамошните медиуми жителка на Девеселу, кое брои 3.000 жители.

Алиман починал пред две недели на 57 години во болница во Букурешт, но неговото име веќе се наоѓало на гласачкото ливче и не можело да биде тргнато, како што објасниле од Изборната комисија. Од таму рекле дека во тоа село ќе се оддржат нови избори.

И покрај неговата победа, социјалдемократите ги изгубиле изборите во клучните градови. Романија, инаку од почетокот на епидемијата бележи 123.000 заразени и околу 5.000 починати.