Во потрага по потонат брод истражувачи виделе чудна сенка: Морскиот рекордер пливал на длабочина од 6,2 километри/ВИДЕО

526

Тим истражувачи од Австралија тргнале во потрага по брод од Втората светска војна кој потонал во 1944 година за време на битката кај заливот Лејте, а потоа откриле нешто што ги оставило без зборови.

Користејќи го DSV Limiting Factor подводник (истиот тип подводник истражувачот Виктор Весково го користеше за да се спушти на дното на Маријанскиот ров во јуни 2020 година), научниците го снимаа нуркањето до дното на Филипинскиот Ров, каде што работеа повеќе од четири часа.

Додека ги прегледувал сликите направени на морското дно од експедицијата, истражувачот на длабочините Алан Џејмисон од Универзитетот во Западна Австралија забележал чудна сенка. Видеото и фотографиите му ги испратил на Мајк Векионе, зоолог од институцијата Смитсонијан. А според контурите на суштеството, научникот заклучил дека се работи за лигњи од родот Magnapinna.

Лигњата пливала 6,2 километри под површината на морето и тоа ја прави единствена лигња досега снимена на оваа длабочина. Претходниот рекордер, исто така од родот Magnapinna, е забележан на длабочина од околу 4,7 километри.

Истражувачите пронајдоа и четири октоподи grimpoteuthys (дамбо октоподи), но тие претходно беа снимени на слични длабочини.

Vo po