Во постот од точно одредени часови во денот лежи тајната за подмладување на организмот и заштита од болести

227

Повеќечасовното нејадење докажано поттикнува подмладување на клетките, односно процесот на автофафија на телесните клетки овозможува чистење и регенрација.
Шестанесетчасовниот пост се заснова токму на тие научни сознанија, а сосема е лесно да стане составен дел од сечие секојдневие.

Ефектите на подмладување со помош на интервалниот пост се најдоа во центарот на вниманието на јавноста со доделувањето на Нобеловата награда за медицина во 2016 година за истражувањето на процесот на автогагија на клетките на јапонскиот биолог Јошинори Осуми.

Редовните кратки растојаниjа на постот не само шго го забавуваат стареењето на клетките туку и штитат од бројни цивилизациски болести, вклучително со Алцхајмеровата болест и ракот.

Автофагијата беше долго време запоставувана на полето на проучувањето на процесот на стареењето на – беше пропушутено да се забележи нејзиното значење во регенерацијата на клетките. Во последните десет години дознавме дека постот не само што не е штетен за метаболизмот и за организмот како што се сметаше претходно, туку токму спротивно, дека е исклучително здрав. Дојде до промена на парадигманта, истакнува проф. Д-р Томас Пиебер, од Универзитетската клиника за интерна медицина на Медицинскиот универзитет во Грац.

Постот, здравата исхрана согласно типот на метаболизмот и медитацијата се трите столба на кои почива хит-книгата „Извор на младоста“ на австрискиот троец составен од новинарот, режисер и тренер на интервалниот пост и медитација П.А. Страубингер,  советникот по нутриционизам  Маргит Фенсл и менаџерската консултантка и тренер за личен раст и развој Натали Каре која веќе речиси триесет години им помага на луѓето своите професионални и приватни животи да ги направат поуспешни и посреќни.