Во последното деноноќие: Пекинг без новозаболени од коронавирус

29

Властите во Пекинг соопштија дека во последните 24 часа немало нови случаи на ковид-19 во кинеската престолнина. Како што се наведува, за прв пат нема заболени од почетокот на јуни кога имаше нагло зголемување на бројот на заразени лица во Пекинг, кога беа воведени карантински мерки заради појава на вирус во близина на пазарот на големо.

Властите сè уште истражуваат што довело до повторно појавување на епидемијата. Неименуван претставник на управата на пазарот за локалните медиуми изјавил дека, наводно, вирусот бил пронајден на штици за сечење на увезен лосос.