Во селото Мјесце Одржански во Полска веќе 10 години се раѓаат само бебиња ид женски пол. Во малото место, кое се наоѓа на југот на Полска, близу границата со Чешка живеат  само 300 луѓе, а во изминатата деценија се родени 12 бебиња, девојчиња, а ниту едно момче.

Несекојдневниот случај на медиумите им стана интересен во текот на овој месец,

Претседателот на месната заеднива Рајмунд Фришко, имаку татко на две девојчиња, понудил парична награда за првата брачна двојка кои ќе станат родители на момче.

„Толку многу се зборува за ова во медиумите што дури размислувам, кога ќе се роди момче да именуваме улица по него, дури и да засадиме даб во негова чест. Тоа ќе биде убав подарок за него“, вели Фришко.

Тој открива и дека некои научници се заинтересирале да испитаат зошто во местото се раѓаат само девојчиња.

„Постојано добивам повици од доктори од целата земја со совети како да се зачне момче. Неодамна ми се јави доктор од централна Полска кој вели дека полот на бебето зависи од исхраната на жената, и дека треба да биде богата со калциум ако сака да роди момче“, вели Фришко.