Во НЛБ галеријата:„Бифуркации“- самостојна изложба на Дафина Шекутковска

153

Во НЛБ Галеријата до 5 март ќе биде отворена изложбата на уметницата Дафина Шекутковска, која пред пошироката јавност ќе се претстави со свои дела на тема „Бифуркации“. Како професор по физика и математика таа ја црпи инспирацијата од овие науки кои го објаснуваат универзумот.

„Идејата на Дафина е да ја доближи убавината на науката преку моќта на уметноста кон гледачите“, меѓу другото се посочува во најавата за нејзината изложба.

На изложбата ќе можеме да погледнеме повеќе еклектични серии на дела, во стилот на наивата. Таа си поигрува со нејзината силна страна како физичар и нејзиниот емотивен живот. Повеќето дела го отсликуваат научниот дел, а некои пак емотивниот живот и искуствата. На овој начин таа чувствува дека заокружува еден научно-имагинативен предизвик.

Шекутковска досега има сработено над седумдесет дела, а со едно од нив учествувала на изложба во Saatchi Gallery во Лондон, а неколку се изложени на DeviantArt.

Изложбата ќе биде отворена до 5 март во период од 8 до 16 часот.