„Во нивните очи“ е наслов на првата изложба на слики отворена неделава во Уметничката Галерија во Тетово од почетокот на пандемијата со Ковид-19. Своите дела ги изложи сликарката Нора Зекири, насловена .

– Авторката се претстави со 28 дела, теми од портрети и апстрактни дела,
со користење на пастелни бои или молив, информираат од Галеријата.

Поради пандемијата изложбата е отворена според соодветните протоколи
за заштита од Ковид-19. Во текот на изминатиот месец со цел да се
подготви за ваквите настани во објектот на Галерија беше извршена и
соодветна дезинфекција.