Во Националната опера и балет в петок, 26 ноември, со почеток во 20 ч. ќе се изведе ремек- делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“, една од најпознатите опери во историјата.

Изведбата на операта „Кармен“ е во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021.

Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш; Режисер: Нина Најденова (Бугарија); Сценограф: Елена Иванова (Бугарија); Костимограф: Марија Пупучевска; Кореограф: Олга Панго.

Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе, Зоран Сотиров, Ристе Велков како Ескамилио, Сандра Митровска во улогата на Микаела, а во останатите улоги настапуваат Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска – Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернес Ибраимовски.

Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.