Во Националната опера и балет: „Дамата со камелии“  во кореографија на Медведев

203

Во рамките на фестивалот „Есенски  музички свечености“ на 22 ноември  со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“  на музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одѕив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, а својата премиера ја имаше на 31 октомври 2014. Работена е по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат првенците Мими Поп Алексова Атанасовска  и Бобан Ковачевски. Настапуваат  солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Иван Еминовиќ.