Во меѓународна полициска акција:Белгиската полиција запленила 115 килограми кокаин

427
Околку 115 килограми кокаини скриен во бетонски плочи е запленет денеска во Белгија во градот Арлон,  во близина на ликсембуршката граница, во рамки на меѓународна полициска операција „чија цел беше разбивање на српска криминална организација која се занимава со меѓународна трговија со кокаин“, соопшти белгиското обвинителство.

Акцијата, како што се прецизира, имала заедничка поддршка на специјалните единици на федералната полиција и нивните колеги од Луксембург.

„Извршени се истовремени претреси, со поддршка на специјалните единици во Холандија, Луксембург и Србија“, соопшти белгиското обвинителство.

Уапсени се вкупно девет лица – пет во Белгија, две во Холандија, едно во Луксембург и едно во Србија, се вели во соопштението на обвинителството.

Денешната акција се одвиваше во поранешна продавница за апарати, а околу зградата во голем број имаше вооружени полицајци.

Во соопштението за јавност што го објави Јавното обвинителство на Луксембург, се наведува дека во напуштен објект е откриено огромно количество дрога.

Во просториите полицијата открила дури 103 пакувања со повеќе од еден килограм кокаин, скриени во бетонски плочи.

„Оваа сума претставува, при препродажба, вкупна сума од околу 11.500.000 евра“, прецизираат од белгиското обвинителство.

Пет лица кои беа лишени од слобода во Арлон вечерва ќе бидат на распит кај истражен судија.

За лицата кои се уапсени во странство, во соопштението се прецизира дека се „предмет на европски или меѓународни потерници и ќе бидат предмет на екстрадициска постапка во наредните денови“, соопштија од обвинителството.