Во мај ќе биде објавен повикот за аплицирање за ваучери за домашен туризам

125

За разлика од минатата година оваа година на граѓаните чии семејни приходи не надминуваат над 30 илјади денари ќе имаат можност  сами да аплицираат и да добијат ваучери за туризам, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој информираше дека ќе има и финансиска помош за хотелите кои минатиот пат не можеа да ги искористат ваучерите кои беа издадени

-Во текот на месец мај ќе биде објавен повикот каде сите работници со ниски примања ќе можат да аплицираат и да добијат соодветни ваучери, тоа е редовна програма која ја имплементиравме во министерството за економија за поттикнување на домашниот туризам. Аплицирањето ќе започне во мај пред да почне летната сезона. Воедно ќе има финансиска помош и за хотелите кои беа надвор од туристичките центри и не можеа да ги искористат ваучерите тие ќе бидат помогнат со милион евра, изјави Бектеши.