Поранешниот италијански тенисер Паоло Бертолучи, говореше за моменталната ситуација во светскиот тенис.

Бертолучи, кој одамна се пензионираше, вели дека актуелната ситуација најмногу му одговара на најтрофејниот тенисер на денешницата Швајцарецот Роже Федерер, со оглед на тоа што Србинот Новак Ѓоковиќ и Шпанецот Рафаел Надал, неговите најголеми ривали на грен слем турнирите беа во голема налет, особено првиот.

-Ако ја земеме предвид 2017 година, кога беше непрепознатлив шест месеци, Ѓоковиќ веќе пет години доминира во тенискиот свет. Никој не победува како него на трева, бетон и земја. Федерер победува повеќе на трева и во сала, Надал на земја, но Новак победува подеднакво на сите подлоги.  Затоа откако ја прекинаа сезоната слушнав дека во куќата на Федерер се слави оваа пауза, бидејќи Ѓоковиќ сезонава би успеал да освои две грен слем титули и да се доближи до неговиот рекорд, изјави Бертолучи.

Ѓоковиќ  пред прекинување на сезоната имаше серија од 18 победи, а Федерер по операцијата на коленото го очекуваше пауза од шест месеци. Некои сметаат дека годинава нема воопшто да се игра тенис, но ваква одлука се уште не е потврдена.

Федерер досега има освоено 20. грен слем титули, Надал една помалку, а Ѓоковиќ 17 трофеи од големите турнири.