Во Куршумли ан, утревечер (17 јули) во 21 часот концерт ќе одржи светски познатата музичка група „Византиска силуета“ (Byzantine silhouettе) од Исланд.

Тие се препознатливи по нивната огнена интерпретација на балканска музика. Има издадено две це-деа,  од кои второто беше номинирано на Исландските музички награди. Византиска силуета брои четири члена: Хаукур Грондал – кларинет, Азгериј Азгеирисон – тамбура, бузуки, саз и уд, Торгримур Јонсон – бас гитара и Ерик Квик – перкусии.

Бендот е основан на половина од 2010-та година и нивната програма содржи грчки, македонски, бугарски и турски песни. Музиката е излив на емоции во мешавина со источна мистерија. Асиметричи ритми, мелодии и виртуозност  испреплетени меѓусебно создаваат огнен коктел.

Креативен консултант и специјален соработнок на бендот е бугарскиот хармоникаш Борислав Згуровски од Пловдив.