Во Кисела Вода и Бутел акција за собирање на стар мебел и е-отпад

208

По повод Светскиот ден на чистењето, ЈП „Комунална хигиена“ во општините Кисела Вода и Бутел ќе постави по три контејнери во кои граѓаните ќе можат да го одлагаат кабастиот отпад (стар мебел и е- отпад).

Акцијата почнува оваа сабота и во Кисела Вода граѓаните ќе можат до вторник да го одлагаат отпадот улица „14 Декември“ – кај „Гет Кафе”, во населбата 11 Октомври – „Парк Пушкин“ и во населбата Драчево на улицата „Ратко Митровиќ“.

Додека во Бутел акцијата ќе трае до понеделник и одлагањето на отпадот може да се на  улица „Груица Војвода”, на скверот на улицата „ Хо Ши Мин” и улицата „Рудо”, како и кај спортската сала „Иван Хаџи Николов” во населбата Радишани.