Во кафуле во Рим забранети разговори за вирусот корона

50

Натписот над шанкот е повеќе од јасен- секој разговор за вирусот корона и сето она што е поврзано со тоа е строго забранет.

Менаџерката на мал бар во предградието на Рим сака да им овозможи на своите гости да здивнат од глобалнат пандемија и да уживаат во кафето.

„Веќе со месеци се зборува за тоа па одлучивме да ја разведриме атмсоферата“, вели Кристина Матиоли, менаџерка на бар со пригодно име „Чувство“.

https://twitter.com/EricJLyman/status/1329126354210709504?s=20

Италија беше првата европска земја погодена од пандемијата и претрпе најдолг и најстрог карантин. По неколку пријатни летни недели, кога животот така речи се врати во нормала, пандемијата повторно доминира со се.

„Не станува збор за порекнување или неразбирање на она што не опкружува, туку едноставно сакаме да здивнеме“, изјавила Матиоли.

Повеќето гости реагирале позитивно на забраната.

Бруна Пјаца, која доаѓа често во барот, мисли дека тоа е одлична идеја.

„Сите сме од ковидот, не можеме да го поднесеме тоа повеќе, каде и да одиме разговараат само за тоа“, рекла таа.

„Среќна сум што можам да разговарам за нешто друго“.

Вирусот корона е, сепак, присутен и таму. Средства за дезинфекција на масите, маски носат сите кои не јадат или не пијат. Барот мора да биде затворен во 18 часот според владините мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Матиоли дури на ѕидовите навела, за оние со помалку фантазија, и предлози за теми за разговор, од историја до култура.

„Тоа беше паметен потег, би рекол дури и неопходен“, додава друг редовен гостин, фризерот Мурицио Чокари.

„Нема санкции, ама им го покажувам натписот“, се смее 35-годишната Матиоли.

И се чини дека нејзиниот потег има успех. Во барот доаѓаат нови гости кои слушнале за местото во кое не се разговара за вирусот корона.

Сопственик на кафуле во Трентино, на северот на Италија, стави сличен натпис, но прво ме праша за дозвола“, додава Матиоли.

Извор:qcostarica.com