Во Италија со коронавирус се заразени над 500 илијади луѓе

29

Во Италија во последните 24 часа се потврдени рекордни 19.644 случаи на коронавирус, со тоа од почетокот на пандемијата во таа земја се регистрирани вкупно 504.509 случаи.

Во еден ден починале 151 лица, а вкупно досега 37.210.

Премиерот Џузепе Конте рече дека сака да избегне повторно воведување на целосно затворање на земјата што придонесе за намалувањет на ширењето на епидемијата оваа пролет, пренесе „Ројтерс“.

Неколку региони воведоа полициски час во текот на ноќта, а се очекува владата наскоро да воведе нови мерки.