Сообраќајниците во Индија се прават од пластичен отпад. Како го прават тоа објаснија на Светскиот економски форум.

Со користење на рециклирана пластика се намалува загадувањето, но и се создаваат нови работни места. Пластичните шишиња машински се обработуваат, а потоа им се продаваат на компании кои се занимаваат со изградба на патишта, кои ги вградуваат во сообраќајниците.

Вака изградените сообраќајници се отпорни на поплави и екстремно високи температури. Во Индија постојат повеќе од 33.700 километри патишта направени од рециклирана пластика. Изградбата на вакви патишта стана приоритет за властите.