Во Израел регистриран првиот случај на мајмунска сипаница

78

Израел денеска го пријави првиот потврден случај на мајмунски сипаници, кој властите очекуваат да биде сузбиен.

Станува збор за маж на 30-годишна возраст кој се вратил од патување во Западна Европа, соопшти Медицинскиот центар во Тел Авив Сураски – Ичилов, каде пациентите се во карантин, пренесе Ројтерс.

Пациентот има благи симптоми на болеста.

Израелскиот министер за здравство Никан Хоровиц рече дека може да се купат неколку стотици вакцини, главно за медицинскиот персонал кој лекува потенцијални пациенти, за да се спречи понатамошна инфекција.

„Ова не е пандемија, ова не е ништо слично на корона вирусот“, рече тој за Н12 вести.

Хоровиц не даде детали за вакцината, но според Ројтерс, вакцината против сипаници може да обезбеди и заштита од мајмунски сипаници.