Во изминатото деноноќие регистрирани нови 273 КОВИД-случаи и пет починати

45
Нови 273 случаи на КОВИД-19 од 2799 направени тестови се регистрирани во изминатите 24 часа, а од нив 45 се реинфекции. Пријавени се вкупно осум починати лица, од кои пет во  изминатото деноноќие. Според податоците од Институтот за јавно здравје, евидентирани се и 233 оздравени пациенти.
Од новодијагностицираните  273, од Скопје се 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10, Струмица – шест, Тетово и Гостивар по пет, Кичево – четири, Велес, Штип и Струга по три, Кочани, Радовиш и Богданци по два, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија имат по еден новозаразен.
Во изминатите 24 часа починале пет лица – двајца  од Прилеп (68г и 43г) и по еден од Битола (79г), Куманово (81г) и Охрид (73г). Сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени три починати  лица на возраст од 60 до 78 години – од Скопје, Струмица и Тетово. Пријавените лица се починати во периодот од 18 февруари до 5 март 2022. Двајца починале во болница и еден во домашни услови. Сите осум починати лица имале  коморбидитети.
Од оздравените 233, од Скопје се 139, Битола – 15, Велес – 11, Куманово – 10, Прилеп – девет, Охрид – осум, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија по пет, Кичево – четири, Тетово, Струга и Виница имаат по тројца оздравени, Струмица, Штип, Кратово и Демир Хисар по двајца и по еден оздравен пациент се од  Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Дебар.
Епидемиолошки анализи на вкупен број заболени и на активни случаи по градови:
Скопје 141 809, Активни 1087
Куманово 16455, Активни 75
Битола 14555, Активни 129
Прилеп 13873, Активни 144
Тетово 13398, Активни 43
Кавадарци 10341, Активни 82
Велес 9621, Активни 40
Гостивар 9511, Активни 28
Охрид 8643, Активни 93
Струмица 7966, Активни 32
Штип 7948, Активни 17
Кичево 5517, Активни 37
Кочани 5016, Активни 23
Струга 4677, Активни 18
Гевгелија 4327, Активни 28
Неготино 3640, Активни 10
Ресен 2658, Активни 24
Свети Николе 2612, Активни 5
Радовиш 2505, Активни 19
Крива Паланка 2400, Активни 7
Делчево 1904, Активни 4
Дебар 1660, Активни 9
Берово 1636, Активни 5
Валандово 1470, Активни 10
Виница 1370, Активни 12
Пробиштип 1259, Активни 2
Богданци 1015, Активни 9
Кратово 956, Активни 11
Крушево 916, Активни 6
Демир Хисар 821, Активни 1
Македонски Брод 732, Активни 0
Демир Капија 584, Активни 3
Македонска Каменица 521, Активни 2
Пехчево 483, Активни 1
Дојран 341, Активни 0
Бројот на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 303 140 од вкупно 1 933 837 направени тестирања.  Оздравени се 291 952 пациенти, починати  9172, а активни случаи има 2016.