Во Дебарско попишани околу 20 илјади граѓани

314

Во пописен реон 24, кој ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа, пописот на населението, домаќинствата и становите може да се каже дека е успешно завршен, изјави за МИА Решат Ќормемети, претседател на пописната комисија, според кого оваа значајна статистичка операција спроведна е без накакви проблеми.

Во текот на денешнот ден, попишувачите уште еднаш ги посетија домовите каде што во моментот на посета немало никого, а стануваше збор за многу мал број. Евентуално непопишаните, по разни причини, имаат можност тоа да го напарават во просториите на пописната комисија, каде има попишувачи и инститруктори, иако според нашата проценка такви лица нема, зашто попишувачите ги посетуваа по неколкупати, оценува Ќормемети.

Комисијата е просторно сместена на третиот кат на зградата на општина Дебар и доколку има непопишани лица може тоа да го направат денеска до 20часот.

Пописните активности на ова подрачје при крај беа уште минатата недела, поради што четворица попишувачи беа испратени на припомош во Струга.

Се дознава дека во општина Дебар попишани се нешто околу 15 илјади, додека во општина Центар Жупа околу пет илјади лица.

Пописниот реон 24 опфаќа 95 пописни кругови, од нив 62 во општина Дебар, додека останатите 33 во општина Центар Жупа. На терен беа 43 теренски попишувачи и 6 инструктори.