Во Дебар има недостиг на попишувачи Албанци

28

Во Дебар има недостиг на попишувачи Албанци, бидејќи на конкурсот на Државниот завод за статистика се пријавиле незадоволителен број, на тестирањето дошле 30, а тестот го положиле 16 од нив.

Претседателот на пописната комисија Решат Ќормемети информираше дека со новот конкурс се бараат 15 попишувачи од албанската етничка заедница.

-Невројатно, но вистинито. Во Дебар каде најголемиот процент од популацијата се Албанци за престојниот попис на населението, домаќинствата и становите има недостиг на попишувачи Албанци. За пописниот реон 24, кој ги опфаќа оваа и општина Центар Жупа, се бараа 31 попишувач Албанец, се пријавија нешто повеќе од овој број, на тестирањето се јавија 30 а положија само 16 од нив. Поради тоа со новиот конкурс се бараат уште 15, изјави за МИА Ќормемети.

Додава дека под очекувањата бил  и бројот на пријавени од сите етнички задници, што го потврдуваат  податоците дека се барале 75 попишувачи и шестмина инструктори, се пријавиле вкупно 110, а на тестирањето присуствувале 72 од пријавените.

Тој не сакаше да коментира која е причината за тоа, но, како што ни рекоа невработени дебрани со кои разговаравме, а кои можеа да конкурираат, една од причините е нискиот надоместок за ангажраност, но и состојбата со пандемијата.

За овој пописен реон, инаку, веќе се ангажирани потребниот број попишувачи Македонци, Турци и Роми.

За престојниот попис, според Ќормемети, ќе бидат ангажрани 73 попишувачи од нив 62 за на терен, додека 11 ќе бидат во резерва.