Во Грција ќе ве казнат 750 евра и ќе ви ги земат табличките ако направите прекршок!

Граѓаните од Македонија кои патуваат во Грција, а секое лето бројот е навистина голем, доколку одат со сопствено возило, треба да  поседуваат потребна опрема, да ја почитуваат брзината, да не поминуваат на црвено, бидејќи казните се солени и достигнуваат и до 750 евра! Освен сет за прва помош, ПП-апарат, триаголник, рефлектирачки елек, детско седишта за деца до три години, потребна е и меѓународна возачка дозвола. Од туристичките агенции велат дека доколку ве казнат во Грција, задолжително мора да си ја платите казната, бидејќи може да останете “ заробени “  на граница или да  ви прават проблем при наредното влегување во земјата.

1182

Сезоната на летни одмори е во тек, а македонските граѓани што патуваат во Грција со сопствено возило треба да поседуваат потребна опрема, да ја почитуваат брзината, да не поминуваат на црвено, бидејќи казните се солени и достигнуваат и до 750 евра. Освен сет за прва помош, ПП-апарат, триаголник, рефлектирачки елек, детско седишта за деца до три години, потребна е и меѓународна возачка дозвола. Од туристичките агенции велат дека доколку ве казнат во Грција, задолжително мора да си ја платите казната, бидејќи може да ви прават проблем при наредното влегување во земјата или нема да можете воопшто да излезете.

Македонските возачки дозволи во Грција, како и во 90 отсто во земјите од Европа, не важат. За патување во Грција, треба да си извадите меѓународна возачка дозвола, која чини 950 денари и трае три години. На граница не ја бараат, но ако случајно ве сопре полиција, ќе ви ја побара и доколку ја немате, може да ве казни. Македонската возачка дозвола важи само во Босна и Херцеговина, Албанија, Србија, Косово, Германија, Италија, Црна Гора и во Шпанија, посочуваат стручните лица.

Од туристичките агенции велат дека граѓаните што патуваат со сопствен автомобил, голем дел од информациите ги добиваат од АМСМ, а од агенциите, по правило, пред да го уплатите аранжманот, ве потсетуваат дека треба да го проверите пасошот, бидејќи тој треба да ви важи најмалку три, или најмногу шест месеци кога ќе ја напуштите земјата и дека треба да имате патничко осигурување.

– Оние што патуваат со сопствен автомобил, информациите ги добиваат преку АМСМ, агенциите ги потсетуваат само на некои работи што треба да ги знаат. Така, пасошите треба да им бидат со важност од минимум шест месеци од денот на патувањето. Но, има случаи кога и покрај тоа што им е кажано, тие да тргнат на пат иако пасошот им важи пет месеци, па потоа да им прават проблем на граница. Исто така, на клиентите им препорачуваме да извадат патничко осигурување, кое не е задолжително, но мора да го имаат за своја поголема безбедност – изјави за ВЕЧЕР Маја Димитрова од туристичката агенција „Атлас корпорејшн“.

Од туристичките агенции советуваат задолжително да си ја платите казната. Доколку не сте го направиле тоа, веднаш може да ја платите пред граница, каде што има наплатни пунктови.

– Доколку направиш прекршок во Грција, може да ти ги земат и регистарските таблички. И покрај тоа што табличките обично ги земаат за поголем прекршок, се случува да ви ги земат и за погрешно паркирање. И ако веднаш ја платите казната, во полиција ви велат дека табличките ќе ви бидат одземени неколку дена – велат туристи што се соочиле со ваков проблем во Грција.

Кога станува збор за почитувањето на сообраќајните прописи, возачите треба да знаат дека дозволената брзина во населените места е 50 километри на час, а на регионалните патишта – од 90 до 110 километри на час. Поголема брзина од 120 до 130 километри на час е дозволена доколку возите по автопат. Дневните светла не е задолжително да се користат во оваа земја.

Во Грција се многу високи сообраќајните казни, особено доколку имате алкохол во крвта од преку 0,5 промили, може да добиете казна од 75 до 625 евра. За надминување на брзината се добива казна од 40 до 750 евра, а доколку не се врзат појасите, казната ќе достигне и до 350 евра.

Казни од 100 евра следуваат и доколку кога возите, зборувате на мобилен телефон, а ако поминете на црвено светло, тоа може да ве чини и до 700 евра.

(А.С.)