Во Грција ќе биде отворен првиот Google Cloud Region

42

Првиот Google Cloud Region во поширокиотдел на Јгоисточна Европа ќе биде отворен во Грција, инвестиција на Гугл што според грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, до 2030 година може да донесе над две милијарди евра и да отвори околу 20.000 нови работни места, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешната презентација на инвестицискиот план на Гугл во Грција, Мицотакис рече дека инвестицијата е „уште една алка во синџирот на важни бизнис планови кои не останаа на зборови“.

Претседателката на Google Cloud International Адаир Фокс-Мартин изрази задоволство за проширувањето на соработката „за драстично да се зголемат и забрзаат иновациите и дигиталната трансформација во Грција“.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер со конкретната инвестиција и создавањето на првиот Google Cloud Region како во Грција, така и во Југоисточна Европа, земјата станува регионален ценатар за Cloud услуги.

Од една страна затоа што не е потребна употреба на инфраструктури и мрежи што се наоѓаат во западна, северна или јужна Европа, а од друга страна, бидејќи капацитетите развиени во Грција можат да им служат на бизнисите, организациите и другите корисници во поширока област.

Секој Cloud регион има можност за исклучително кратко време да одговори на многу бенефиции како што се складирање, организација, анализа и брзо обновување на податоци итн.