Во Визбегово се гради основно училиште

43

Жителите од населеното место Визбегово ќе добијат ново основно училиште.

Како што напиша на својата фејсбук страница, градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костровски, конечно на повидок е решение на долгогодишниот проблем со потребата од ново основно училиште кој го имаат жителите.

-Направивме увид во градежните активности во новото општинско основно училиште во населеното место Визбегово. Динамиката со која се одвиваат градежните активности е според зацртаното и предвиденото – истакна Костовски.

Тој информира дека договорот за изведување на градежните работи за изградба на објектот е во висина од 106.590.812,00 денари со вклучен ДДВ , а рокот за реализација на договорот се предвидува да биде 18 месеци. Вкупната површина на градежната парцела е 12.029 м2.