Во Битола изложба на книги чии автори се жени нобеловки

37

Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола промовира изложба на книги, чии автори се жени писателки кои ја добиле Нобеловата награда за книжевност.

Во фоајето на битолската библиотека поместени се дела од Перл Бак, Тони Морисон, Грација Деледа, Воислава Шимоборска и други нобеловки.

По повод меѓународниот празник на жената – 8 Март, во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ е отворена и изложба на слики со мотиви на цвеќе од авторот Слободан Рајчевски.