Во Археолошкиот музеј изложба „Статусни симболи кај Пајонските заедници“

163

Во Археолошкиот музеј на РСМ денеска 12 декември, во 13 часот, ќе биде отворена изложбата „Статусни симболи кај Пајонските заедници“.

Оваа изложба претставува една перспектива на приказ на пет богати женски погребувања од некрополите Лисичин Дол и Милци, кои по своите специфични карактеристики се издвојуваат од останатите погребувања во населбата, каде што во изворна состојба, добро сочувани, среќаваме нови типови на религиозни комплети од групата на т.н „Македонски-пајонски бронзи“.

Самата појава на предмети од типот на „македонски-пајонски бронзи” ги издвојува од својот статус кој го имале во заедницата.

Сите овие елементи проткаени низ изложбата „Статусни симболи кај пајонските заедници” поттикнуваат нови размислувања, но отвораат и нови прашања за карактерот и животот на пајонските заедници од железното време.

Изложбата е соработка помеѓу Археолошкиот музеј на РСМ и Музеј Гевгелија и ќе биде отворена за посетители до март 2020 година.